Денеска се навршуваат 45 години од раѓањето на Тоше Проески, а по тој повод бројни негови пријатели и колеги од музичката сцена се присетија на „славејот од Крушево“ со објави на социјалните мрежи. Меѓу нив е и хрватскиот пејач Тони Цетински, кој и годинава му оддаде почит со две објави на Инстаграм.
Во првата, пократка објава, Цетински сподели неколку нивни заеднички фотографии и напиша: „Тоше, недостасуваш. Засекогаш твој. Потпишувам!“.
View this post on Instagram
Во втората објава, придружена со илустрација на која се прикажани двајцата, Тони сподели подолга и емотивна порака.
„Тоше засекогаш…
Денеска се сеќавам на него, не само како на голем пејач, туку како на човек каков што ретко се раѓа.
За мене, Тоше не беше ѕвезда од сцената, туку брат по срце. Знаеше да слуша, да разбере и без зборови и да насмее, дури и тогаш кога ми се чинеше дека светот застанува.
Кога ќе ме погледнеше, чувствував дека го гледа најдоброто во мене. Неговата топлина беше заразна, а неговата скромност нешто што те учеше како да бидеш подобар човек.
Тој беше човек што никогаш не поминуваше покрај туѓата тага – ќе застанеше, ќе помогнеше, ќе насмееше, ќе утешеше.
И никогаш не бараше ништо за возврат.
Денес, на неговиот роденден, палам свеќа и пеам тивко, затоа што знам дека некаде ме слуша.
Ми недостасува неговото смеење, неговата едноставност, неговата верба во луѓето.
Но, кога ќе ги слушнам неговите песни, како повторно да е тука, покрај мене, насмеан и смирен, и ми вели:
‘Не тагувај, пријателу… само сакај.’
И тогаш сфаќам – тој никогаш не си заминал.
Тоше остана во секое срце што го допрел, во секој збор што носи добрина, во секоја насмевка што се раѓа од љубов.
За мене, тој не беше само ангелски глас.
Тој беше мој брат по душа.
И сѐ додека го паметам со љубов, тој сè уште пее“, напиша Цетински.
View this post on Instagram
