СТАНДАРД life
АНАЛИЗИ

Кои се главните ризици за инвеститорите во Блискиот исток во 2020 година?

Светлината на рефлекторите на светската берза паднаа во април врз дебито на саудиската државна нафтена компанија „Арамко“, која успеа да собере 12 милијарди американски долари во својата прва понуда на обврзници, еден вид подготовка за денешната првична јавна понуда (IPO).

Обврзниците во долари во Персискиот залив ги надминуваат оние од новите пазари со принос од 14% во текот на оваа година.

Во исто време, нападите со беспилотните летала врз објектите на „Арамко“ во септември служат како потсетник за јазот во политичките линии во регионот и потенцијалните стапици со кои се соочуваат инвеститорите.

„Ризикот од геополитички несреќи не исчезна“, напиша Citigroup Inc во белешка, додека „Блумберг“ обезбедува список на некои од најголемите ризици што инвеститорите ќе ги следат следната година:

Политичка криза во Заливот

Изгледите за уништувачка војна со Иран и неговите прокси милиции во регионот ги натера монарсите во Заливот да ги преиспитаат своите стратегии. Секој знак на помирување меѓу Саудиска Арабија и Иран или укинување на ембаргото против Катар ќе даде силен поттик за инвестициската активност во регионот.

И покрај слабите навестувања за „одмрзнување“ на односите меѓу Катар и противничкиот блок во кои учествуваат Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Саудиска Арабија, Египет и Бахреин, „крпењето“ на односите сè уште не се чини воопшто загарантирано.

Катар преговараше со Саудиска Арабија, но ги избегна Обединетите Арапски Емирати. Емирот од Катар одби покана да присуствува на годишното собрание на лидерите на Заливот, што се одржа во Саудиска Арабија во декември, поради тоа што еден официјален претставник на Обединетите Арапски Емирати изјави дека кризата во Доха „продолжува“.

Нафта и производство

Со намалувањето на цената на Брент за околу 25% откако достигна четиригодишен врв во октомври 2018 година, фискалните дефицити за некои земји во регионот се зголемуваат и секој натамошен пад на цените на нафтата во 2020 година ќе ја влоши ситуацијата, според Fitch Ratings.

Глобалните пазари на нафта сè уште се соочуваат со суфицит во 2020 година, дури и ако ОПЕК и нејзините партнери (ОПЕК +) повторно го намалат производството, рече во декември Меѓународната агенција за енергетика (МАЕ). Испораките надвор од групата, предводени од американската индустрија за шкрилци, продолжуваат да растат со многу побрзо темпо од глобалната побарувачка.

Ова ќе го зголеми притисокот врз Саудиска Арабија, Оман, Бахреин и Египет за продажба на државни обврзници. Владите и компаниите во регионот собраа рекордни долгови од 111 милијарди американски долари оваа година, според податоците собрани од „Блумберг“.

Граѓански протести

Високата невработеност кај младите, погрешно управување и други длабоко вкоренети проблеми што придонесоа за распрснување на арапската пролет во 2011 година продолжуваат да ја загрозуваат политичката стабилност на многу земји во регионот. Соочени со овие пречки, владите во Ирак, Либан, Египет, Алжир, Иран и Судан ќе се борат да ги „преработат“ своите економии со потенцијално непопуларни програми, според Fitch Ratings.

„Реформите за стабилизирање на јавните и странските финансии, како за увозниците на нафта, така и за некои извозници, ризикуваат понатамошни социјални и политички реакции“, предупредува агенцијата.

Поврзани вести

Што треба да знаат трејдерите пред да користат платформи како Robinhood?

Влатко Зорба

Бајден се подготвува за нов стимул на економијата откако Демократите го освоија Сенатот

Влатко Зорба

Пеколна сезона: Како се подготвуваат ски-центрите во Европа за претстојната сезона?

msp-admin