Во време кога енергетскиот сектор е притиснат од натрупување на долгови и обидот да им пркоси на ниските цени на суровините, американските производители на енергија сега се подготвуваат за најголемиот шок на побарувачката што ќе ги погоди пазарите: ефектите од појавата на коронавирусот во Кина и ширум светот, пишува „Oilprice“.
Избувнувањето веќе однесе повеќе од 2.600 животи и зарази скоро 80.000 луѓе ширум светот, вклучувајќи 3.000 медицински лица во Кина.
Иако епидемијата веројатно нема да го „проголта“ глобусот, како што тоа го стори свинскиот грип во 2009 година, стравувањата од пандемија успеа да избриши 975 поени од „Дау“ во понеделник наутро, а експертите се чини дека се согласуваат дека економските ефекти од падот веројатно ќе бидат посериозни..
Неодамна, „УБС“ предупреди дека ова може да го натера глобалниот економски развој да достигне скоро негативни нивоа во првиот квартал од годината и да предизвика најсериозно забавување на растот од крахот во 2008 година.
Ефектите веќе се рефлектираат во насоките и пазарните реакции на компаниите, при што Apple неодамна изјави дека приходите од четврти март ќе паднат под првичната проценка на технолошкиот гигант, повикувајќи се на нарушувања во глобалната понуда на смартфони.
Постојат знаци дека епидемијата може да се намали, при што дневниот број на нови случаи во Кина почнува да опаѓа. Сепак, аналитичарите предупредуваат дека стапката на заразување може да закрепне откако кинеските граѓани ќе се вратат на работа и училиште, а она што ги плаши пазарите во понеделник е скокот на бројот на случаи на коронавирус надвор од Кина.
Еве ги трите енергетски сектори кои најверојатно ќе бидат најтешко погодени од епидемијата:
1. Нафта
Цените на нафтата и на природниот гас останаа ниски во текот на изминатата година и може да останат на овие нивоа, откако најголемиот увозник на суровината падна во немилост.
Кина, најголемиот увозник на нафта во светот, купила 41,24 милиони тони нафта во 2019 година, што е еквивалентно на 10,04 милиони барели на ден. Но, само два месеци по избувнувањето на вирусот, побарувачката за нафта во азиската земја падна нагло како резултат на намалените летови и ограничувањата на патниот транспорт и производство.
Кина троши 13 од секои 100 барели нафта што светот ги произведува, а најголемите нафтени компании веројатно ќе ги доживеат негативните ефекти на коронавирусот наскоро. „Блумберг“ објави дека побарувачката на нафта во Кина е намалена за околу 3 милиони барели на ден, или околу 20% од вкупната потрошувачка.
Падот е најголем шок на побарувачката на пазарот од светската финансиска криза, што заврши во 2009 година. Исто така, тоа е најненадејниот шок што го доживеа пазарот по нападите на 11 септември 2001 година.
Од S&P Global Platts предупредија дека вирусот може да ја намали глобалната побарувачка на нафта за дури 4%, или 4,1 милиони барели на ден, во февруари.
Во исто време, Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) соопшти дека побарувачката на нафта најверојатно ќе падне за 435.000 барели на ден во првиот квартал на 2020 година, што претставува прва квартална контракција по повеќе од 10 години. Организацијата ја намали својата прогноза за раст на 2020 година за 365,000 барели на ден на 825,000 барели на ден.
Американската Администрација за енергетски информации (АЕИ) изгледа пооптимистички настроена и сепак очекува сортата ВТИ да задржи цена над 50 американски долари за барел оваа година, со просечно ниво на цена од 55,71 долари за барел.
Додека производителите на нафта како Ирак и Саудиска Арабија може да се соочат со пад на профитот од 10%, американските производители може да изгубат до 60% од нивниот профит заради поголемите трошоци за производство на нафта. Поголемиот дел од суровата нафта што ја увезува Кина доаѓа од Русија, Африка, Иран и други држави од Заливот, што значи дека производителите во овие региони веројатно ќе имаат најсериозни ефекти од заразата.
2. Природен гас
Цените на природниот гас неодамна се спуштија на историски најниски нивоа, откако опадна за скоро 15% од почетокот на 2020 година, главно како резултат на хиперпродукцијата. Коронавирусот само ја влоши ситуацијата.
Глобалниот лидер кај течен природен гас (ЛНГ) Royal Dutch Shell предупреди дека појавата на коронавирус веќе почнува да штети на побарувачката за ЛНГ и ја принудува компанијата да ги пренасочи испораките што се претходно наменети за Кина.
И ситуацијата може да не се подобри наскоро. Минатата година, RBC предвиде дека може да поминат години пред цените на природниот гас целосно да закрепнат.
3. Батерии и складирање на енергија
Минатата недела Utility Dive, кои ги рефлектираат вестите и трендовите во комуналната индустрија, предупредија дека епидемијата на коронавирус ќе влијае на кинеското производство многу сериозно.
Осум провинции во земјата веќе најавија сопирање на работата како резултат на избувнувањето, што негативно влијаеше врз бројните проекти за соларна енергија и изградбата на фотоволтаици. Ова е многу важно, со оглед на тоа што повеќето соларни панели во светот се направени во Кина.
Азиската супер економија е, исто така, дом на поголемиот дел од светското производство на литиум-јонски батерии. Utility Dive предупреди дека производствениот капацитет на технологијите за складирање на батерии во земјата може да се намали за 10% или 26 GWh, во споредба со претходните прогнози.