Марија Шерифовиќ пристигна во Белград со синот Марио, а во станот ја чекаа бројни подароци од пријателите и семејството.
Бројни пријатели и личности од шоуто воодушевено и со љубов и честитаа на пејачката за најважната улога во животот, а Марија со денови не ја крие среќата.
Првата објава со бебето одекна како бомба, а сега Шерифовиќ откри дека пристигнале во топлиот дом на семејството и дека наскоро ќе добијат посети од сите драги луѓе кои едвај чекаат да ја видат.
– Па баби, дедовци, тетки, чичковци, пријатели, браќа и кумови – од утре во 10 часот примаме подароци – напишала Марија.
Да потсетиме, таа неодамна проговори за жената преку која го доби детето и открила како поминала процедурата.
– Пред да се одлучам за сурогат мајчинство, неколку пати се обидов да ја носам бременоста и не успеав, на мое големо жалење. Навистина не сакам јавно да ги објаснувам медицинските причини за тоа, но сурогат мајчинството конечно беше мојот единствен избор – изјави таа.