СТАНДАРД life
Балкан микс

Јелена Карлеуша објави листа на блокирани профили на Инстаграм

Српската пејачка Јелена Карлеуша деновиве е во фокусот на јавноста поради новиот албум „Алфа“ кој го објави на 13 август, а со кој како што најави ги помести границите. Додека броеше милиони прегледи на Јутјуб, таа покажа и како изгледа нејзината блокирана листа на Инстаграм.

Милица Павловиќ, со која го сними дуетот „Машала“, веќе откри како било да се соработува со поп-ѕвездата, а Јелена деновиве напорно работи на промоцијата на своите песни кои ги најави како „крај на светот“.

Една од песните што се појави на нејзиниот нов албум кој се чекаше десет години се вика „Блок“, па за подобар маркетинг на песната Карлеуша ја објави нејзината листа на блокирани профили на Инстаграм.

„Која е вашата омилена песна од албумот „Алфа“? Мојата дефинитивно е „Блок“. Често ја посетувам блок листата само за да видам како се мачат“, напиша Јелена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Поврзани вести

Ана Николиќ на роденденот на својата ќерка пристигнала со 3 часа задоцнување

Urednik

📸 Марија Шерифовиќ доби бебе: Пејачката ги објави првите слики со детето, па ги откри полот и името

Radmila Tasevska

Славица Чуктераш ужива во новата љубов по СКАНДАЛОТ, еве кој е нејзиниот НОВ ДЕЧКО!

Radmila Tasevska