СТАНДАРД life
Балкан микс

По 10 години соработка, Жељкo Бебек го напушти бендот: Неговата сопруга ја откри позадината на приказната

Легендарниот пејач на Бјело Дугме, Жељко Бебек за оваа есен најави голем концерт во „Арена Загреб“ по повод 50 години од неговата кариера, но како што изгледа сега, неговиот стар бенд нема да настапува со него.

Само еден месец пред големиот настап, на Фејсбук се појави веста дека бендот со кој соработувал 10 години го напушта. Во објавата, членовите на бендот им се заблагодарија на Бебек и неговата публика за повеќе од 10 години доверба и соработка, но оттогаш таа е отстранета.

Сепак, „Story“ ја забележа, а сопругата на Бебек – Ружица објасни за што се работи.

„Таа одлука не беше донесена баш сега, тоа трае од порано, само се договоривме да го направиме она што треба да се направи со нив. Вториот бенд е подготвен одамна“, изјави Ружица Бебек за „Story“.

Таа откри и дека нивниот син Звонимир ќе продолжи да соработува со својот татко и со новиот бенд.

Поврзани вести

„Фрајле“ ја обвинија поранешната менаџерка за злоупотреба: „Тоа низ што поминувавме го има само на филм“

Urednik

🎥 Марија Шерифовиќ пристигна во Белград со синот Марио: „Од утре примаме подароци“

Radmila Tasevska

Тони Цетински за петте концерти на Александра Пријовиќ во Загреб: „Мора да имаме квалитетен одговор“

Urednik