СТАНДАРД life
Балкан микс

Пријовиќ откри што и кажала Розга кога ја повикалa да гостува на концертот во Арена

Јелена Розга беше една од гостите на концертот на Александра Пријовиќ во Арена Загреб. Александра во емисијата Балканска улица на ТВ Блиц откри како ја договориле Розга да пее на четвртиот концерт на Пријовиќ. Александра изјави дека со Јелена се познава со години и дека еднаш на ручек разговарале за концертот.

Таа се согласи без проблем „Разговаравме многу убаво. Таа е многу топла, учтива и нормална жена. Многу сме слични. Многу ми се допаѓа нејзината енергија. Јас и реков: „Ако даде Господ, еден ден ќе имам концерт во Сплит, не знам кога ќе биде. Ти си од тој град и некако е логично да те поканам тогаш. А таа вели вака: „Ма, јас ќе ти дојдам и во Загреб, и во Сплит и каде што сакаш“, рече Александра.

Јелена Розга и беше гостинка на Александра Пријовиќ на нејзиниот четврти концерт на почетокот на декември во Арена Загреб. Откако со Александра испеа неколку нејзини песни, како Гинем, Дани си без броја и Минус и плус, на сцената им се придружи Лепа Брена, а заедно ја отпеаја и Хајде да се ловимо.

Поврзани вести

„Одредени делови престанаа да ми работат… Не реагирав веднаш, се опуштив“: Бора Чорба за неговото нарушено ЗДРАВЈЕ и неговата сопруга која ја запознал на 61 година

Radmila Tasevska

Андрија Кузмановиќ доби син со жена со која не е во врска

Urednik

Николина Пишек мами воздишки на плажа – мини бикини, целосна шминка (ФОТО)

Urednik