СТАНДАРД life
Балкан микс

📸 Северина во општинскиот суд пристигна во придружба на својата адвокатка

Северина Вучковиќ утрово пристигна во Општинскиот суд во Загреб. Пејачката пристигна во придружба на нејзината адвокатка Јасминка Билош.

Таа пристигна на рочиштето под обвинение дека ја прогонува Гордана Буљан Фландер, поранешната директорка на Поликлиниката за заштита на деца и млади во градот Загреб, и дека испратила навредливи пораки до директорката на училиштето на нејзиниот син, Љиљана Клингер.

Таа, меѓу другото, директорката ја нарече и баба со криви нозе.

Да потсетиме, пред неколку дена беше објавено дека Врховниот суд ја поништил второстепената пресуда од 2021 година според која Северина го делела старателството над синот со поранешниот партнер Милан Поповиќ. Судот ја укина пресудата поради, како што нагласи Северина, процедурална грешка.

Поврзани вести

Балканската музичка ѕвезда Северина ужива на Миконос

Radmila Tasevska

Со најпопуларните српски актери и испочитувана традиција: Како Милош Биковиќ го прослави раѓањето на својот син?

Radmila Tasevska

Аца Лукас влегува во Гинис

Urednik