СТАНДАРД life
Балкан микс

📽 Сара Јо падна на сцената, а реакцијата која следеше ги воодушеви нејзините фанови

„Не знам за вас, но јас веќе нурнав во 2024 година“, напиша на својот Инстаграм профил српската пејачка Сара Јовановиќ, попозната како Сара Џо, со видео на кое се гледа како паѓа на сцената.

Иако пејачката се пошегува на себе, многумина ја пофалија за нејзината реакција и самиот настап.

Имено, пејачката на новогодишната ноќ во Белград настапувала пред илјадници обожаватели кога паднала на бината. Падот изгледаше болно, но Сара брзо стана и продолжи да ја изведува својата песна „Сандра Мељниченко“ како ништо да не се случило.

„Браво за реакцијата и професионалноста! Се надевам дека не се повреди, иако и да беше, ќе продолжиш! Среќна Нова и продолжи да чекориш“, ја пофали Јелена Карлеуша. „Да можев да паднам јас вака секси“, изјави Ника Турковиќ.

Пејачката ја поддржаа и други ѕвезди како Лана Јурчевиќ, Теа Таировиќ, Зорја, Марко Бошњак, Лана Клингор, Сања Вучиќ, Андрија Милошевиќ и други.

„Луѓето немаа време да сфатат дека паднав. Сè навистина се тресеше, се тресеше“, напишала Сара, а еден нуркачки клуб решил да се пошегува со неа и да и подари курс за нуркање.

Поврзани вести

📸 Ова го чекавме: Хана Хуљиќ објави семејна фотографија со Грашо и малата Алба

Radmila Tasevska

Еве која песна и ја посветил Здравко Чолиќ на својата поранешна љубов

Radmila Tasevska

Алка Вуица сподели тажна вест

Urednik