СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

10 „жешки“ работни места – и како да започнете

Пандемијата Ковид-19 испрати безброј луѓе да работат од далечина – од своите домови. Позициите на растојание се веќе доста популарни и во огласите се зголемија за 25% од март 2020 година, откри „Flexjobs“.

Компанијата е специјализирана за наоѓање на работа од дистанца за професионалци. Таа неодамна објави податоци во кои се потенцираат 10-те кариерни области, кои бележат најголем раст од почетокот на пандемијата.

Во пост на блог, „Flexjobs“ предвидува дека 10-те кариерни облати кои досега забележале огромен раст, ќе продолжат да бидат многу барани во 2021 година, засновани на трендовите на достапните податоци од 2020 година.

По опаѓачки редослед, ова се 10-те најбрзо растечки кариерни области за „далечински“ вработени во 2020 година:

1. Маркетинг: позициите обично се однесуваат на создавање на т.н. „Маркетинг со содржина“, специјалисти за маркетинг операции и специјалисти за истражување на пазарот.

2. Административна: оваа област опфаќа различни позиции, вклучително и извршни асистенти, административни асистенти.

3. Човечки ресурси: меѓу најбараните далечински експерти се специјалисти за вработување, координатори за назначувања и аналитичари за податоци за човечки ресурси.

4. Сметководство и финансии: неодамна постои голема побарувачка за „далечински“ сметководители, даночни консултанти.

5. Графички дизајн: креаторите и уметниците можат лесно да работат од далечина, а потенцијалните позиции вклучуваат дизајнери за продавници, дизајнери за брендови и лого и специјалисти за „искуство на потрошувачи“.

6. Услуги за клиенти: бараат агенти за далечинско одржување, „навигатори“ на клиенти и персонал за одржување.

7. Пишување: секој што се занимава со креативно пишување, особено ако е подготвен да пишува на социјалните мрежи, е баран – и може да работи целосно од дома.

8. Хипотеки и недвижен имот: Огласи за вработување бараат какви било специјалисти поврзани со сметководствено управување, координатори за трансфери и обработка на хипотеки и заеми.

9. Интернет и е-трговија: компаниите претежно бараат менаџери за оптимизација, асистенти за распоред и специјалисти за мејл маркетинг.

10. Управување со проекти: потребни се на многу места низ светот, раководители на проекти, специјалисти за договор (управување со договори) и програмски менаџери за да ја преземат координацијата на комплексни проекти со многу „запчаници“.

Поврзани вести

Што е ПЛАТА ЗА ЖИВОТ и зошто гигант за широка потрошувачка се одлучи да ја применува?

Влатко Зорба

Зошто Меси испрати три потпишани дресови до кинески „Синовак“?

Влатко Зорба

Пандемијата „уби“ 2.000 пабови: Луѓето навикнаа да пијат дома?

Влатко Зорба