СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Англичаните градат „урбан аеродром“ за летачки автомобили (ВИДЕО)

Популарноста на летачките автомобили е во пораст, а големите компании како „Boeing“ и „Porsche“ сериозно размислуваат за развој на вакви возила.

Сега во Англија официјално започна работата за изградба на првото пристаниште за летачки автомобили.

Британската компанија „Urban-Air Port“ се здружи со „Hyundai“ за заедничка изградба на таканаречен аеродром за летачки автомобили и на сите да им покаже што носи иднината.

Новото пристаниште го нарекуваат „Urban Air Port“. Целта на овој проект е развој на инфраструктурата за следната генерација на електрични и автономни летачки возила.

„На автомобилите им требаат патишта, железнички возови, на авиони им требаат аеродроми, а на електричните авиони со вертикално полетување и слетување (eVTOL) им требаат Urban Air Port аеродроми. Пред повеќе од сто години се случи првиот комерцијален лет создаден од современиот свет. Urban Air Port ќе ја подобри поврзаноста на градовите, ќе ја зголеми продуктивноста и ќе и помогне на Велика Британија да преземе водечка улога во новата „чиста“ глобална економија“, рече Рики Саду, основач и извршен директор на Urban Air Port.

Urban Air Port е 60 проценти помало од традиционалниот хелиодром и може да се изгради за само неколку дена, а локацијата може да се премести доколку има потреба.

Планот е да се изгради овој „урбан аеродром“ до крајот на ноември.

Поврзани вести

„Трето око“: Решение за оние кои не можат да го тргнат погледот од мобилниот телефон (видео)

Влатко Зорба

Меѓународниот балкански универзитет е организатор на две значајни меѓународни конференции

Влатко Зорба

Погребниците во Калифорнија ПРЕПОЛНИ со работа, ОДБИВААТ погреби

Влатко Зорба