СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Наскоро доаѓа гејминг смартфонот Black Shark 4

Извршниот директор на Black Shark сугерираше постоење на премиум телефон за игри Black Shark 4, посочувајќи ги неговите супериорни перформанси. Набргу потоа, телефонот се најде на репер AnTuTu со рекорден резултат од над 788.000 поени.

Сега истиот уред се појави на списокот TENAA, заедно со главните карактеристики. На списокот се открива дека Black Shark 4 ќе го задржи 6,67-инчниот дисплеј како што имал неговиот претходник (на сликата). Сепак, вкупните димензии се 163,83 х 76,35 х 10,3 мм, што значи дека телефонот овојпат ќе биде малку помал и очигледно ќе има помали рамки околу екранот.

Покрај ова, потврдено е дека Black Shark 4 ќе користи Android 11 од самиот почеток, како и дека ќе се напојува со батерија од 4500mAh со поддршка за брзо полнење 120W. Телефонот ќе се напојува со најновиот чипсет Qualcomm Snapdragon 888, кој најверојатно ќе се комбинира со најмалку 8 GB RAM и 128 GB простор.

Поврзани вести

ЕК: Забрана за употреба на вештачка интелигенција за следење на луѓе

Влатко Зорба

ФИТР: Продолжен рокот за аплицирање на јавниот повик за Технолошки развој

msp-admin

Sony лансираше 5G паметен телефон (ВИДЕО)

msp-admin