СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Дали „паб-пасошите“ се нова реалност за љубителите на пиво во Велика Британија?

Постепеното отклучување на Велика Британија ќе започне следната недела, а како што најави британскиот премиер Борис Џонсон, повторното отворање во Англија во понеделник се очекува за сите продавници, спортски сали, фризери и угостителски објекти на отворено.

Бидејќи процесот на вакцинација во Велика Британија се одвива непречено и бројот на заразени се намалува, Џонсон рече дека Англија ќе ја продолжи својата втора фаза од патната карта без заклучување од 12 април и како што најави, и тој ќе оди во паб на пиво.

Владата предупреди дека работата од дома треба да продолжи, каде што е можно, но исто така препорача да се намалат патувањата внатре во државата, пренесе Ројтерс. Џонсон исто така потврди дека се разгледува систем на сертификати за статусот на коронавирусот или ковид-пасош за да можат повторно да се организираат големи настани.

„Паб-пасоши“ засега нема да бидат потребни

Иако сè уште нема долгорочни одлуки во врска со одење во паб или ресторан, засега сопствениците на угостителски објекти нема да бараат од своите гости сертификати за Ковид-19 статусот, рече британскиот премиер.

Џонсон даде зелено светло за мерките за ублажување во Англија, но и неколку детали за тоа како би функционирале можните модели на сертификати.

Втората фаза од патоказот, која постепено ќе ја отвори економијата во текот на следната недела, ќе ги отвори продавниците и градините на рестораните, додека повторното отворање на затворените угостителски објекти во третата фаза е закажано за во мај.

„Во понеделник, на 12 април, ќе бидат отворени продавници, пабови и ресторани на отворено и нема да се бара потврда за одење таму. Од 17 мај, кога ќе ги отвориме затворените угостителски објекти, без сомнение ќе биде потребен сертификат“, рече Џонсон.

Според него, владата разгледува различни начини на кои луѓето можат да докажат дека не се заразени – од потврда за вакцинација, до доказ за минато заболување или тестови.

Некои пратеници од Конзервативната партија на Џонсон се спротивставуваат на идејата за потврда на Ковид-статусот за одење во ресторан или паб, тврдејќи дека ваквиот систем создава ризик за поделено општество. Шкотска, Велс и Северна Ирска имаат свои анти-ковид политики одделени од Англија.

Џонсон рече дека очекува т.н. ковидни пасоши да играат улога во меѓународните патувања, но има етички проблеми околу шемата за сертификација, која смета само на статусот на вакцинација.

Секаков вид на сертификат за Ковид-статус усвоен од Обединетото Кралство мора да биде функционален и не смее да ги дискриминира луѓето кои не биле вакцинирани, изјави британскиот министер за вакцинација, Надим Захави.

Поврзани вести

Гејтс прими вакцина против Ковид-19: „Се чуствувам одлично…“ (ФОТО)

Влатко Зорба

Во Лондон нема куќа под 500 000 фунти, а побарувачката е голема

Влатко Зорба

Ги запознаваме ретките болести: Помпеова болест

Влатко Зорба