СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Грчкиот премиер оптимист за туристичката сезона

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изрази оптимизам за летната туристичка сезона во Грција.

Во интервју за телевизијата Скај, Мицотакис објави крај на оваа „авантура“ за два месеци.

„На почетокот на мај работите ќе бидат сосема поинакви и многу пооптимистички“, рече Мицотакис.

Премиерот вели дека грчкиот народ „поминува низ пандемија преку посилни ограничувачки мерки отколку што имаат некои други земји“ и дека го разбира незадоволството на луѓето поради блокирањето.

Тој исто така најави дека повеќето луѓе над 60 години ќе бидат вакцинирани до православниот Велигден, 2 мај, додавајќи дека од април нема да има повеќе проблеми во набавката на вакцините против Ковид.

Поврзани вести

Ова е најдобрата професија – заработката е голема, а дневниот стрес е минимален

Влатко Зорба

Бившата на Безос e лидер меѓу филантропите

Влатко Зорба

Новиот вид на корона нема да ги спречи Британците да летуваат во Грција

Влатко Зорба