СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Маск со Твит повторно ја крена цената на Dogecoin

Милијардерот и основач на компанијата „Тесла“, Елон Маск, уште еднаш предизвика скок на вредноста на Dogecoin со својата објава на Твитер.

Тој ја сподели веста со своите 46 милиони следбеници дека купил одреден број на овие дигитални монети за неговиот деветмесечен син X Æ A-Xii.

По објавата, Dogecoin скокна за дури 16%, и ја зголеми својата вредност од 0,069 на 0,08 долари.

Dodgecoin е создаден во 2014 година како шега и пародија на тема криптовалути инспирирана од смешното интернет миме „Доџ“.

Овој раст му помогна на Dodgecoin да ја врати вкупната проценета вредност на пазарот од 10 милијарди долари.

Dodgecoin се разликува од биткоинот по тоа што не постои цврсто ограничување на вкупното снабдување на оваа криптовалута. Биткоинот има фиксен фонд од околу 21 милиони монети, од кои сите сè уште не се „ископани“. Од друга страна, Dogecoin има залиха на повеќе од 100 милијарди монети, со 5 милијарди нови монети годишно.

Дури и основачот на Dogecoin, Били Маркус, не може да го сфати напливот на вредноста на оваа криптовалута што се појави од шега.

„Идејата дека Dogecoin вреди 8 центи е исто како акцијата на GameStop во вредност од 325 долари, нема смисла“, рече неодамна Маркус.

Поврзани вести

Може ли Bitcoin повторно да падне на 20.000 $?

Влатко Зорба

Етер забележа нов рекорд

Влатко Зорба

Litecoin за кратко стана четвртата по големина криптовалута според пазарната капитализација

Влатко Зорба