СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Јапонска авиокомпанија ја претвора флотата во ресторани: Не летаат, но служат луксузни јадења

Во обид да ги ублажи загубите предизвикани од пандемијата на коронавирусот, „Japan Airlines“ одлучи да ја претвори својата флота во ресторани кои служат оброци од 300 до 540 американски долари.

„Japan Airlines“ им нуди на патниците избор помеѓу првокласно седиште во бизнис класа и оброк од 540 американски долари или седиште во економска класа по половина цена, на „Боинг 777“ паркиран на аеродромот „Ханеда“ во Токио, наречен „крилест ресторан“

Гостите треба однапред да изберат дали сакаат јадење од јапонското или меѓународното мени. Главното јадење е печена риба со сакио мисо, динстано говедско и тофу, говедско вагју во сенф од вино од Коби и пржен морски бас и школки, кои се служат со саке, вино од слива или шампањ „Круг“.

„Japan Airlines“ ќе понуди 22 ручеци и вечери овој месец, а престојот во авионот ќе трае околу три часа.

Нема програма за забава за време на „летот“, но секој ќе добие пригоден пакет, а гостите исто така можат да користат салоните на компанијата на терминалот на аеродромот Ханеда.

Singapore Airlines прв го воведе ручањето на земја

Singapore Airlines беше првата авиокомпанија што го искористи интересот на луѓето за вечера во авион уште во октомври минатата година, кога почнаа да служат оброци во два џамбо авиони А380 на паркингот на сингапурскиот аеродром „Чанги“.

Резервациите се распродадени за помалку од половина час, и покрај цената од 540 долари за оброк во бизнис-класа, има можност за гледање филм. Оброците од економска класа беа многу подостапни и чинеа 50 долари по лице.

Пандемијата ја фрли авионската индустрија во најтешка криза досега, бидејќи повеќето авиони ширум светот остануваат приземјени поради ограничувања на патувањето и „локдаунот“ поради коронавирусот, што очигледно ги натера некои авиокомпании да размислуваат креативно и да најдат начини да ги полнат своите празни авиони. Наводно, вработените во „Japan Airlines“ дошле до идеја за „крилест ресторан“.

Најголемото изненадување беше големиот интерес на Јапонците, а од декември, кога почнаа да служат оброци, скоро сите резервации беа скоро распродадени. До 12 март се продадени 264.000 оброци, а приходот генерираше скоро 2 милијарди долари.

British Airways доставува оброци на вашата домашна адреса

На крајот на март, British Airways започна и со продажба на оброци наменети за патници од бизнис-класа по цена од 80 фунти, кои се доставуваат до домашната адреса. Тие подготвуваат оброци за две лица кои се состојат од четири јадења – и можете да изберете помеѓу вегетаријанска, риба и оброк од месо.

Финската авиокомпанија започна со продажба на оброци за деловна класа во супермаркет недалеку од меѓународниот аеродром во Хелсинки по прифатлива цена од 12,9 евра, додава „Гардијан“.

Поврзани вести

Германските пивари бараат помош од владата

Влатко Зорба

Што е ПЛАТА ЗА ЖИВОТ и зошто гигант за широка потрошувачка се одлучи да ја применува?

Влатко Зорба

Само што ќе излезе од дома, веднаш заработува 55.000 евра!

Влатко Зорба