СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Коби Брајант планирал разделба со „Најк“ и нова револуционерна компанија

На крајот на неговата блескава кариера, НБА sвездата Коби Брајант и спортските производи на „Најк“ беа неразделно поврзани. Или така се чинеше.

Скоро една година по прераната смрт на легендата на Лос Анџелес Лејкерс, се појави информација дека Брајант планира да се раздели од својот долгогодишен спонзор, потег што ќе ја сврти индустријата наопаку. Иако имаше успешна линија патики со „Најк“, петкратниот шампион во НБА планираше да создаде свој бренд за спортски чевли наречен „Мамба“, кој ќе има револуционерен деловен модел, според кој сопственици се играчите.

Американскиот инвеститор Шервин Пишевар, еден од идеолозите зад „Убер“, неодамна на Твитер напиша дека се сретнал со Брајант во декември 2019 година за да разговара за плановите за новата компанија. Пишевар тврди дека Брајант не бил задоволен од начинот на кој се развивале неговите односи со „Најк“ и дека „она што претстои ќе ја засени неговата спортска кариера“.

Пет Бенсон, кој ја следи историјата на врската помеѓу Брајант и „Најк“, за Бизнис Инсајдер изјави дека е „многу веројатно“ дека Брајант се подготвува да се раздели од компанијата.

Според Пишевар, Брајант не бил задоволен од „Најк“ во однос на маркетингот на својата линија патики.

„Продажбата на неговите патики беше слаба и тој го обвинуваше „Најк“ за тоа“, напиша Пишевар.

Поврзани вести

Трамп ја лансира својата платформа 45office.com

Влатко Зорба

Израел и Грција се договорија за слободно патување на вакцинираните туристи

Влатко Зорба

Што е економија на досада и како ги обликуваше нашите животи за време на пандемијата?

Влатко Зорба