СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Tesla не успеа да испорача 500 илјади автомобили до 2020 година

Tesla Inc. испорача рекорден број автомобили ширум светот во четвртиот квартал на 2020 година, но сепак не успеа да ја постигне целта од 500 илјади единици за целата година, пренесе „Блумберг“.

Производителот на електрични автомобили испорача 180.570 автомобили за периодот октомври – декември 2020 година, што го засенува неговиот претходен рекорд од 139.300 единици во третиот квартал на 2020 година.

За целата година испораките достигнаа 499.550, се вели во соопштението на компанијата. Во споредба со единиците испорачани во 2019 година, растот е 36%.

Кварталните податоци за снабдување се сметаат за барометар на побарувачка и за автомобилите Tesla и за интересот на потрошувачите за електрични возила ширум светот. Резултатот покажува извонредна година за извршниот директор на „Tesla“, Елон Маск и неговата компанија, кои се приклучија на индексот „Standard & Poor’s 500“ во декември.

Акциите на производителот на електрични автомобили пораснаа за 743% во 2020 година, со што компанијата стана најценета во автомобилската индустрија.

Tesla, исто така, објави дека производството на Model Y во Шангај започнало, а испораките се очекува да започнат наскоро.

Компанијата гради два нови погони за склопување возила – една во Берлин со капацитет до 500.000 автомобили годишно и друга во Остин, Тексас, САД, каде што ќе се гради првиот пикап на марката. Производството во двата погони се очекува да започне подоцна оваа година.

Tesla стана позната по своите нишки луксузни модели, но неодамна го зголеми производството за масовниот пазар за да одговори на зголемената побарувачка за електрични автомобили. Во септември, на пример, Елон Маск објави дека до 2023 година планира да лансира модел на автомобил по цена од 25 илјади долари.

Поврзани вести

Откако Твитер го избрка Трамп, дезинформациите нагло се намалија

Влатко Зорба

Како до стипендија на Меѓународниот балкански универзитет?

msp-admin

Зошто и најдобрите ја напуштаат работата?

msp-admin