СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

„Нетфликс“ ќе снима филм за „Гејмстоп“, кој ќе биде главниот актер?

Филмскиот и телевизиски гигант, компанијата „Нетфликс“, преговара за снимање на филм чија главна тема би биле настаните од пред една недела, кога корисниците на социјалната мрежа Редит ја зголемија цената на акциите на „Гејмстоп“ и со тоа изнервираа некои големи хеџ-фондови.

Според некои претпоставки, главен лик би бил Ноа Сентинео, а во тек се преговори за продуцентот и сценаристот.

Филмот треба да ја истражи моќта што социјалните мрежи ја дадоа на собраните поединци, т.н. мали или обични луѓе, за да ја предизвикаат финансиската и политичката елита, велат изворите.

Заедно со сагата за „Гејмстоп“ се наведува дека филмот ќе истражува и како се користеле социјалните медиуми за ширење обвинувања за измама на гласачите за време на претседателските избори во 2020 година, што на крајот кулминираше со упадот на приврзаниците на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Капитол.

Патем, „Нетфликс“ не е единствената компанија што презема чекори да ја донесе „ГејмСтоп“ сагата на големиот екран.

На пример, филмското студио МГМ ги откупи правата на книгата на Бен Мезрик „Асоцијална мрежа“, чие дело вклучува инспирација за хит филмот од 2010 година за основањето на Фејсбук – „Социјална мрежа“.

Да потсетиме, армија обични луѓе, корисници на „Редит“ собрани во групата „ВолстритБетс“, започнаа наддавања на Волстрит за да ги принудат трговците кои се занимаваат со т.н. „кратки продажби“ на акции да ги затворат своите позиции соголеми губитоци. Со тоа, акциите на „ГејмСтоп“ се зголемија од 18 долари на максимални 483 долари за неколку дена.

Поврзани вести

Загадувањето од фосилни горива убива до 10 милиони луѓе годишно

Влатко Зорба

Роналдо и Меси одбиле по 6 милиони евра годишно за да ја промовираат Саудиска Арабија

Влатко Зорба

КОГА ПАРИТЕ СТАНУВААТ ТЕРЕТ: Оние што имаат 10 милиони долари се малку посреќни од нивните РАБОТНИЦИ

Влатко Зорба