СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Правило „50-30-20“ го трансформира буџетот: Ако не ви оди со штедењето, обидете се со овој метод

Каде и да работат, и колку и да заработуваат, луѓето треба да заштедат. Освен ако не припаѓаат на тој мал процент (1%) на богати, кои трошат како ќе им текне, без да гледаат цени.

Најтешкиот дел од процесот на штедење е почетокот: од каде и како да се започне? Изговорите за трошење без план главно се поврзани со „недостаток на пари“, „мала плата“, „многу трошоци“. Но, затоа треба да имате детален план.

Елизабет Ворен, професор по право со фокус на тема банкрот, излезе со интересно правило „50-30-20“, што значи следново:

Точно 50% од вашата заработка треба да оди за фиксни трошоци, како што се домување, рати од кредити, сметки, храна; 30% се однесува на храната што ја јадете надвор, потоа на активности како што се теретана, празници, патувања; а 20% од месечните приходи се поврзани со заштеди.

Значи, според ова правило, треба да издвојувате 20% од вашиот приход „на страна“ секој месец. Доколку заработувате 30.000 денари месечно, износот што треба да го заштедите е 6.000 денари. Ова правило е секако полесно да се спроведе ако живеете со некого и ги споделувате трошоците, но вреди да се обидете.

Ова значи дека ако, на пример, вие и вашиот партнер заработите вкупно 60.000 денари за еден месец, можете да заштедите 12.000 денари месечно. Имате 38.000 денари за други трошоци: стан, сметки, храна, забавни активности. Оние што не плаќаат кирија за стан тука секако се во предност.

Како е Европа?

Според Евростат, просечниот месечен нето приход на граѓаните на ЕУ е 1.473 евра. Доколку споменатата метода се примени на таа сума, тоа значи дека 736 евра одат за прва категорија, 441 за втора, а 294 остануваат за заштеда.

Ако просечен Европеец го следел правилото „50-30-20“, тој би заштедил скоро 300 евра месечно, и околу 3.500 евра годишно. Се разбира, не е доволно да се воведе само ова правило, туку и да се земе предвид начинот на живот.

Затоа, следете ги цените и попустите, водете сметка кога струјата е поевтина (читајте: навечер), не купувајте работи што не ви се потребни, намалете го купувањето „храна и пијалоци за носење“.

Поврзани вести

Луѓе од различни класи и возрасти добиваат по 100 долари – еве што купуваат (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Градот каде што жичара е ТРАНСПОРТ за сиромашни (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Принцот Чарлс и големи компании се здружуваат за справување со климатската криза

Влатко Зорба