СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Социјалните мрежи ја оштетуваат психата на тинејџерите

Менталното здравје на тинејџерите е нарушено од интензивната употреба на социјалните медиуми, се вели во новиот извештај на истражувачите од Институтот за образовна политика во Велика Британија и „The Prince’s Trust“.

Анализата наведува дека благосостојбата и самодовербата се слични кај сите деца на возраст од основно училиште. Сепак, ова се менува околу 14-та година од животот, со тоа што менталното здравје на девојчињата страда повеќе, се вели во студијата.

Недостаток на спортување е уште еден фактор што придонесува за проблемот – тој се влошува со стагнацијата дома предизвикана од пандемијата, според студијата објавена од Би-Би-Си.

Резултатите од студијата покажуваат дека:

* Секое трето девојче под 14 години е незадоволно од својот изглед (во споредба со 1 од 7 на крајот на основното училиште);

* Бројот на млади луѓе со веројатно ментално заболување е зголемен – секој шести има проблем (споредено со еден од 9 во 2017 година);

Самопочитта кај двата пола значително се намалува за време на адолесценцијата, а девојчињата доживуваат поголем пад, се вели во извештајот. Сепак, самодовербата и благосостојбата на девојчињата се стабилизира, кога преминуваат во доцните тинејџерски години, додека кај момчињата тоа продолжува да опаѓа.

Интензивната употреба на социјалните мрежи е поврзана со негативна благосостојба и самодоверба, без оглед на менталната состојба на младата личност. Чувството на депресија и безнадежност е почеста кај девојчињата.

„Оние кои се чувствуваат полошо, се свртуваат кон социјалните медиуми за удобност или заедница“, вели д-р Ејми Орбен, соработник за истражување на колеџот Емануел на Универзитетот во Кембриџ. „Не е вакуум, работи на двата начина“.

Семејниот приход, вежбањето и лошото здравје на мајката, исто така, придонесуваат за менталната состојба на младите, покажа студијата. Редовното вежбање влијае позитивно на двата пола, се вели во извештајот.

Поврзани вести

Бившата на Безос e лидер меѓу филантропите

Влатко Зорба

Историски пад на потрошувачката на пиво во Германија

Влатко Зорба

Француски монаси во „локдаун“ со 2,8 тони сирење бараат купувачи преку Интернет

Влатко Зорба