СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Принцот Хари има нова работа: доверена му е многу ретка улога во корпоративниот свет

Тој веќе не е „работен“ член на кралското семејство, туку принцот Хари има нова работа: тој ќе биде директор на стартап од Силиконската долина. Војводата од Сасекс станува CIO (Chief Impact Officer) во „BetterUp Inc.“, брзо растечка компанија за „коучинг“ и ментално здравје.

Во последно време, Хари многу ја користи својата слава за да влезе во некои профитабилни бизниси, а сега тој рече дека „има намера да помогне да се создаде влијание врз животот на луѓето“. Тој одговори толку кратко во е-поштата, на прашањето зошто решил да ја преземе оваа работа.

„Проактивниот тренинг обезбедува бесконечни можности за личен развој, зголемена свесност и разноврсен подобар живот“, додаде тој.

Принцот Хари се очекува да биде во нова позиција да придонесува за иницијативи, вклучувајќи одлуки за стратегија на производи и добротворни придонеси и јавно да се залага за проблеми со менталното здравје, пишува WSJ.

Бидејќи средниот збор во името на функцијата е „impact“, сосема е јасно која е новата задача на Хари. Сепак, оваа деловна улога е релативно ретка во корпоративниот свет, иако некои компании ја имаат, како што е „Salesforce“.

Кога станува збор за новиот ангажман на британскиот принц, и неговата сопруга Меган Маркл, не беа дадени детали за самиот договор и можната заработка. Познато е дека Хари нема да биде одговорен за вработените или да добива директни извештаи, но тој веројатно ќе помине некое време во седиштето на компанијата во Сан Франциско, кога ќе биде безбедно.

Тој исто така треба да биде присутен на состаноците и да учествува на настани што „BetterUp Inc.“ ги организира.

Поврзани вести

Европските ковид-пасоши ќе важат само за вакцини одобрени во ЕУ

Влатко Зорба

Црна Гора: Првата крава платена во криптовалута

Влатко Зорба

Роналдо го купи најскапиот стан во Лисабон (ВИДЕО)