СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Руска компанија продава дијамант со големина на пинг-понг топче

Рускиот гигант за дијаманти Alrosa PJSC ќе стави на продажба едно од своите најголеми и најквалитетни парчиња досега.

Станува збор за дијамант од 242 карати, со големина на пинг-понг топче, а заинтересираните ќе можат да го видат во изложбениот салон на компанијата во Дубаи од 14 до 21 март, додека резултатите од аукцијата ќе бидат објавени еден ден подоцна.
Почетната цена ќе биде нешто поголема од 2 милиони долари.

Цените на дијамантите паднаа во текот на изминатата година, бидејќи пандемијата скоро ја запре нивната продажба низ целиот свет. Сепак, се покажа дека побарувачката за најголеми и ретки дијаманти не опаѓа, па цените сега се дури и повисоки отколку пред корона-кризата.

Во последните десет години, оваа компанија стави на продажба само неколку дијаманти поголеми од 200 карати.

Компанијата одлучи да го продаде овој дијамант за да ја одбележи силната меѓународна аукција.

Овој дијамант беше „извлечен“ во Нурбинскаја, на рускиот Далечен исток, пред десет години, а компанијата планира да продаде уште два примерока, од 190,7 карати и 136,2 карати, како и некои помали камења.

Сепак, овој дијамант е џуџе во споредба со најголемиот дијамант пронајден во Африка, кој има 3.106 карати.

Поврзани вести

Гејтс: Вакцината делува, ќе се чувствуваме понормално веќе на есен

Влатко Зорба

Израел и Грција се договорија за слободно патување на вакцинираните туристи

Влатко Зорба

Ако долго седите на РАБОТА, ова е најдобрата ХРАНА за вас

Влатко Зорба