СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Се продава дел од „Егејските Малдиви“

Турскиот остров Калем, познат како „Егејски Малдиви“ по тиркизните води и ситниот бел песок, се продава делумно за скоро 45 милиони евра, објави турската телевизија Си-Ен-Ен-Турк.

Островот е во приватна сопственост и зафаќа површина од околу 41 хектар. Најавени се 26 хектари земјиште за продажба

Островот Калем се наоѓа покрај брегот на турскиот округ Измир. Во близина, во 406 година п.н.е., се одвивала епската поморска битка помеѓу Атина и Спарта во Пелопонеската војна, позната како битка кај Аргинус.

На островот има хотел и плажа за туристи и нуркачи.

На длабочина од 70 метри под површината на земјата на островот има извор со термална вода, кој има лековити својства.

Поврзани вести

Ветување старо еден век: Зошто Белград нема метро скоро 100 години подоцна?

Влатко Зорба

Играта, што предизвика штета од 2 милијарди долари за само 150 дена

Влатко Зорба

Зошто Меси испрати три потпишани дресови до кинески „Синовак“?

Влатко Зорба