СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Словенија: 100.000 литри пиво со поминат рок

Поради епидемијата на коронавирус, словенечките пиварници имаат најмалку 100.000 литри пиво со поминат рок на пазарот.

Ова го објави Здружението на словенечки пивари и ја повика владата за итна помош.

Станува збор за пиво во буриња кое било наменето за угостителскиот сектор и не се продава на потрошувачи. Пиварите предлагаат ослободување од акцизите и компензација за уништување на оваа стока, пренесува SEEbiz.

Како што истакнаа од Здружението, пиварството е една од најзагрозените индустрии во земјата, а сегашната државна помош не е доволна за опстанок, особено на помалите пиварници.

Меѓу другото, тие предлагаат укинување на акцизите за алкохолот во 2021 година, како и отплата на заостанатите побарувања од угостителскиот сектор, компензација за истечените производи бидејќи секторот за угостителство и туризам е затворен, како и компензација за фиксни трошоци за работење.

Поврзани вести

Дали „паб-пасошите“ се нова реалност за љубителите на пиво во Велика Британија?

Влатко Зорба

Треба ли да се отфрли „to do“ списокот?

Влатко Зорба

Шефот на „Unilever“: Одењето во канцеларија 5 дена во неделата е старомодно

Влатко Зорба