Ако досега не сте верувале дека животот во Њујорк е неверојатно скап, ова може да ве убеди.
Корисникот на TikTok, New York City Realtor сега објави вирални снимки од неговата турнеја низ „најлошиот стан досега“ во најпосакуваната населба во Њујорк. Станот е неверојатно мал и неверојатно скап.
На кратко, за приближно 1.650 долари (1.385 евра) месечно, добивате малку поголем плакар со фрижидер. Нема шпорет. Нема приватна бања. Истата бања и истиот тоалет (во кој нема мијалник), кои се одделени и се наоѓаат на спротивните краеви на ходникот, се користат од станарите на целата зграда.
Не бевме во можност да ги најдеме податоците за квадратурата на станот, но видеото јасно покажува дека главната и единствената просторија на станот едвај може да собере кревет, според Индекс.
„Толку е мал што плакарот на Хари Потер под скалите на Дарсли изгледа голем“, е само еден од коментарите на видеото.
Видеото е прегледано 20 милиони пати, а повеќе од 2,5 милиони луѓе го „лајкнале“.