Стандард
БИЗЛАЈФ

Од Абрамович до Сталоне: Какви имоти купија sвездите во 2020 година?

Пандемијата Ковид-19 не ги принуди славните да се откажат од купување луксузни недвижнини ширум светот. И оваа година, актери, бизнисмени и пејачи купија имот, вили, станови, па дури и палати за стотици милиони долари. Руската економска агенција РБЦ ги анализира зделките.

Канадскиот пејач Џастин Бибер и неговата сопруга Хејли Болдвин купија замок во областа Беверли Парк во Лос Анџелес за 25,8 милиони долари. Вкупната површина на замокот е повеќе од 1.000 квадратни метри. Куќата има седум спални соби и десет бањи. Исто така има и пространа дневна соба, работна соба, библиотека и трпезарија со кујна. Некои од ѕидовите на куќата со поглед кон тревникот и дворот се направени од стакло. Покрај тоа, замокот има визба за вино, теретана и домашно кино. На територијата со вкупна површина од над 1 хектар има вештачко езерце, базен, тениско игралиште, гостински простор и трпезарија со скара и фурна.

На почетокот на 2020 година, бизнисменот Роман Абрамович купи вила во туристичкиот град Херцлија Питуах, лоциран на 15 км од Тел Авив. Набавката, според „Globes“, го чинело рекордни 226 милиони шекели (64,5 милиони долари) за Израел. Површината на замокот е 9,5 илјади квадратни метри. На територијата има две куќи, дизајнирани од архитектот Орли Шарм: главната зграда со површина од 2 илјади квадратни метри и вила за гости со површина од илјада квадратни метри. Покрај тоа, замокот има тениско игралиште и базен со хидраулично дно, што може да се подигне и да се претвори во област за настани.

Пејачката Џенифер Лопез купи замок во Мајами за 40 милиони долари. Вкупната површина на замокот со градина, високи палми, фонтана и надворешен базен е 40 илјади квадратни метри. Куќата има десет спални соби и 12 бањи. Подот и sидовите се направени од фино дрво. Покрај тоа, новата палата на Лопез има неколку камини украсени со резби во дрво, како и винарска визба со просторија за дегустација.

Кајли Џенер купи куќа во ексклузивната област Холмби Хилс во Лос Анџелес за 36,5 милиони долари. Замокот вклучува седум спални соби, 14 бањи, како и две соби за гости со приватни кујни и апартмани со приватни дворови.

Исто така, има базен, трпезарија, неколку барови, билијард и теретана, две домашни кина и просторија за јога.

Холивудскиот актер и режисер Силвестер Сталоне купи замок на брегот на Палм Бич на Флорида. Цената на елитната недвижност е 35 милиони долари. Областа на главната куќа со пет спални е 10,5 илјади квадратни метри. Има големи прозорци, многу камини, засводен таван и дрвени подови. Замокот има и пространа дневна соба, винска соба со контролирана температура и теретана. Уредената градина со многу палми има базен, спа центар и пространа песочна плажа. Исто така, има мала куќа за гости.

Оваа пролет, американската актерка оскаровка Џулија Робертс купи замок во Сан Франциско од 1907 година. Домот вреден 8,3 милиони долари се наоѓа во областа Президиум Хајтс. Петкатната ренесансна зграда е дизајнирана од архитектот Силвен Шнајхитер. Областа на новата куќа на Робертс е 6,2 илјади квадратни метри (575 квадратни метри). Постојат пет спални соби, четири бањи, вградена кучешка бања, пространа дневна соба со камин, бар, трпезарија и винарска визба во која може да се сместат 1.000 шишиња.

Холивудскиот актер Том Круз изнајми двокатен пентхаус во хотелот „Коринтија“ во Лондон, кој претходно и припаѓаше на британската кралица Елизабета Втора. Круз се смести тука за време на снимањето на филмот „Невозможна мисија 7“. За еден месец престој во станот, актерот плати 335.000 фунти. Станот гледа на реката Темза и легендарното лондонско око. Пентхаусот на актерот имаше четири спални соби и ист број бањи, три дневни соби со панорамски прозорци и пространа тераса на покривот. Внатрешноста е во светли бои со кафеави елементи.

Поврзани вести

Истражување: Еден од 20 луѓе го напушта ресторанот без да плати

Влатко Зорба

Гејтс: Сиромашните земји ќе добијат вакцини 6 до 8 месеци по богатите

Влатко Зорба

Мет Дејмон: Инвестирајте во вода

Влатко Зорба