СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Вирусот ја менува ТРАДИЦИЈАТА: Наместо кафе, КОВИД тестови за подарок

Децениската италијанска традиција да им се дава кафе на оние што немаат оваа година е заменета со давање тестови за Ковид.

Масовното тестирање и комплицираната организација оставија многу луѓе во Италија без можност да бидат тестирани. Оваа ситуација е особено изразена во сиромашните квартови.

Според Еуроњуз, здравството во Италија не може да се справи со долгите редови на луѓе кои сакаат да бидат тестирани. Приватните тестови, пак, чинат меѓу 60 и 80 евра, а многумина не можат да си го дозволат тоа.

Според извештаите на медиумите, две здруженија во Неапол му овозможуваат на локалното население тестирање по контролирана цена, па дури и целосно бесплатно. Исто така, во Милано, под големиот шатор на Бригадата „Црвена помош“, можно е да се направи бесплатен тест обезбеден од луѓе кои имаат повеќе пари.

„Правиме тестови на луѓе кои инаку не би можеле да си ги дозволат, особено во овој период кога се затворени приватни лаборатории, така што кој може и сака да плати за тестот за друго лице“, изјави здравствениот работник Рикардо Германи за весникот „Република“.

Повеќето од овие здравствени работници волонтираат да ја прават оваа работа цел ден.

Традицијата да се дава кафе на непознати луѓе кои не се во можност да го плаќаат потекнува од Неапол, каде многу често во баровите луѓето се честат со кафе од страна на лице кое било таму пред нив, го испиле еспресото и оставиле пари за кафе што ќе го испие лице кое нема доволно пари.

Поврзани вести

Ги запознаваме ретките болести: Конгенитална Мускулна Дистрофија

Влатко Зорба

Словенија: 100.000 литри пиво со поминат рок

Влатко Зорба

Исланд практично воведе КОВИД ПАСОШИ

Влатко Зорба