СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Домаќинствата во Македонија третина од буџетот трошат за храна и безалкохолни пијалаци

Во финалната потрошувачкана домаќинствата во земјава, во текот на 2018-та година, најголемо учество (31,5%) имаат храната и безалкохолните пијалаци, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Со 22,8% на второ место се најде бруто станарината, водата, електричната енергија и другите видови на горива, додека 9% удел имаат трошоците за сообраќај.

За други стоки и услуги едно домаќинство одвојува 8%, алкохолни пијалаци и тутун со 5,8%, ресторани и хотели со 5,3% и облека и обувки со 4,4%.

Најмал удел во финалната потрошувачка на домаќинствата во земјава, во текот на 2018-та година, имале: образование (1,3%), здравствена заштита (1,9%) и мебел, апарати за домаќинства и други производи и услуги за одржување на станот (2,9%).

Поврзани вести

Три години ќе добиваат 1.200 евра месечно, а нема да работат ништо

Stefanija Kuzmanovska

Меѓународниот Aеродром Скопје ја доби ASQ-наградата за квалитет на аеродромски услуги

Влатко Зорба

Лозарите ќе добијат дополнителна субвенција од 2 денари за килограм предадено грозје

Влатко Зорба