Љубителите на фудбалот ширум светот се среќни кога гледаат како Лионел Меси постигнува голови во дресот на Барселона и репрезентацијата на Аргентина.
Кон средината на април, Меси одигра одлично и надвор од теренот. Имено, тој испрати три свои потпишани дресови до кинескиот фармацевтски гигант „Синовак“.
Причината? Собирање пари за купување 50.000 дози вакцина за „Конмебол“, фудбалската федерација на Јужна Америка. Имено, „Конмебол“ сака да ги вакцинира сите професионални играчи во пресрет на Копа Америка, што е закажано за ова лето.
Но, топката на Меси сè уште не е во мрежата. Неколку држави од Јужна Америка, вклучително и Аргентина на Меси, сè уште не ја потврдиле употребата на вакцината „Синовак“.