СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: ЕЦБ ѝ овозможи на Народната банка користење ликвидносни средства до 400 милиони евра

Европската централна банка овозможи користење на ликвидносни средства во износ до 400 милиони евра, во форма на репо-трансакција до средината на следната година за поддршка нa Нaродната банка во услови на криза предизвикана од пандемијата на Ковид-19.

Одобрувањето на билатерална репо-линија следи по извршената оценка на барањето за ликвидносна поддршка поднесено од Народната банка.

 „Позитивната одлука и одобрената репо-линија претставуваат потврда за нашата подготвеност како централна банка соодветно и навремено да одговараме на предизвиците од оваа криза и успешно да ја одржуваме макрофинансиската стабилност.

И денарската и девизната ликвидност на нашата економија, и пред почетокот на корона-кризата беа на високо и адекватно ниво. Дополнително, во периодот од избувнувањето на кризата, Народната банка презеде мерки преку коишто се обезбеди дополнителна денарска ликвидност во банкарскиот систем, а воедно и за зајакнување на девизните резерви. Добиената поддршка од ЕЦБ дополнително ги зајакнува нашиот капацитет и подготвеност за соодветна реакција. Во случај на остварување на негативните ризици поврзани со корона-кризата, девизната ликвидност во евра овозможена од ЕЦБ ќе ни овозможи и поголем простор за брзо и ефикасно дејствување за ублажување на можните ефекти врз банкарскиот систем“, истакнува меѓу другото гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска по повод воспоставувањето на репо-линијата за обезбедување ликвидност во евра, овозможена од ЕЦБ.

Во име на Народната банка, гувернерката упати голема благодарност до ЕЦБ за укажаната доверба и поддршка.

Народната банка и натаму секојдневно ќе го остварува својот максимален влог за македонската економија и за нејзиното приближување кон големото европско семејство. И во текот на корона-кризата, таа продолжува по патот што води до Европскиот систем на централни банки.

Поврзани вести

Отворање фабрика на швајцарската компанија „Баумер“ во ТИРЗ Скопје 1

msp-admin

Не ја почитувале забраната за работа – затворени уште 4 кафеани и 40 кафемати

Берта Китинска

Лукаревска: 2.286 компании треба да ја вратат финансиската помош за плати

Влатко Зорба