СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Marks & Spencer дели 7.000 откази и го менува начинот на продажба

Британскиот синџир продавници за облека Marks & Spencer соопшти дека ќе укине 7.000 работни места наредниве три месеца. Целта е насочување кон мешовит начин на продажба – дигитален и класичен, во времето по корона пандемијата.

Компанијата наведува дека отпуштањата ќе го опфатат главниот центар за поддршка, односно позициите во регионалното менаџирање на продавниците во Велика Британија.

Се очекува дека значаен процент од укинувањето на работните места, како што се истакнува, ќе биде реализиран со доброволни откази и предвремено пензионирање на дел од вработените.

Поврзани вести

Саудиска Арабија го изненади нафтениот пазар со големо еднострано намалување на производството

Влатко Зорба

Смена на врвот по 6 години: Кои се најиновативните земји во светот? (инфографик)

Влатко Зорба

Над 100 економисти, политичари и активисти бараат од Лагард отпишување на јавниот долг на земјите-членки на Еврозоната

Влатко Зорба