СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Светска банка: Закрепнувањето на економијата ќе трае повеќе од пет години

Светската банка соопшти дека долгорочните изгледи за економиите се навистина лоши. Тие предупредија дека штетата направена од кризата од коронавирусот ќе трае уште подолго од глобалната финансиска криза од 2008 година.

Новиот главен економист на Светската банка Кармен Рајнхарт изјави за The Sunday Telegraph, дека надежите за брза враќање во облик на “V“ се нереални, бидеји закрепнување веројатно ќе трае повеќе од пет години по основ на приход по глава на жител.

Економските податоци продолжуваат да се одразуваат на глобално ниво, при што Јапонија ги објави своите најлоши бројки на БДП. Третата најголема светска економија се намали за 7,8% во вториот квартал, на годишна основа со загуба од 27,8% од БДП.

Тој претставува најлош пад откако започнаа мерењата во 1980 година и третиот последователен квартал на контракции за проблематичната островска нација. Земјата има регистрирано 19.000 нови случаи на коронавирус во август, скоро една третина од сите случаи што досега ги имала.

Поврзани вести

Гасоводната делница Скопје-Тетово Гостивар ќе биде завршена во втората половина на следната година

Берта Китинска

Синдикалната минимална кошница за декември 2020 година изнесува 33.697 денари

Влатко Зорба

Комората на сметководители бара пролонгирање на роковите за поднесување на годишни сметки и финансиски извештаи

Влатко Зорба