СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Прогноза на Европска банка: Македонскиот БДП ќе падне за 3,5 проценти, во 2021 се очекува раст од 5,5 проценти

Северна Македонија ќе претрпи пад на БДП за 3,5 проценти во 2020 година заради економското влијание на пандемијата на коронавирус, известува Европската банка за обнова и развој (ЕБОР)во својата последна макроекономска прогноза објавена вчера. Банката очекува земјата да се опорави во 2021 година со раст на БДП од 5,5 проценти.Според последното издание на извештајот ЕБОР Регионална економска иднина, ранливоста на Северна Македонија од епидемијата е средна и е под претпоставка за привремено влијание од истата.

Во 2020 година економиите во регионите каде ЕБОР има свои канцеларии, можно е во просек да опаднат за 3,5%. Во 2021 година се очекува општ раст од 4,8% наведува извештајот, предупредувајќи дека проекциите се предмет на ,,несигурност без преседан“.

 Главниот економист на ЕБОР, Беата Јаворчик изјави дека светот излегува од кризата, но неопходно е да се гледа кон идна соработка и поголема економска издржливост.
 
,,Кризата беше голем удар и излегувањето од неа ќе биде предизвик. Ова не е време за економски национализам и протекционизам, туку време за креирање на подобра иднина преку меѓународна посветеност на слободна трговија, климатски промени и економска соработка”, истакна таа.

Извештајот претпоставува скромно влијание на кризата врз долгорочната траекторија на економското производство, при што растот продолжува кон крајот на третиот квартал, но потенцијално значителни долгорочни економски, политички и социјални ефекти.

ЕБОР инвестира во економии во развој од централна и источна Европа до Централна Азија и Блискиот исток и Северна Африка. Речиси сите земји вклулени во ЕБОР веројатно ќе забележат економски контракции оваа година, со само мал број исклучоци, вклучително и Туркменистан и Узбекистан, во Централна Азија и Египет.

Членовите на ЕУ од југоисточна Европа, исто така, веројатно ќе бидат сериозно погодени од корона-кризата, со особено нарушување што доаѓа од туризмот, особено во Кипар, Грција и Бугарија.

На Западен Балкан, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија се очекува да бидат погодени од нарушување на глобалните ланци на снабдување, заради нивните силни производствени основи. Албанија и Црна Гора ќе бидат погодени поради особеното потпирање врз туризмот, додека во Косово, а до одреден степен и во другите економии на Западен Балкан, пониските дознаки ќе ја намалат домашната побарувачка.

 

 

 

Поврзани вести

Извлечени добитниците од шестото коло месечни награди преку MojДДВ#МојаНаграда

Берта Китинска

Битиќи: Регулаторната комисија за енергетика одлучува за цената на струјата

Влатко Зорба

Скопскиот аеродром го доби признанието „Гласот на клиентот“

Влатко Зорба