СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Ќе се олеснуваат условите за водење бизнис и отворање фирми

Министерствата за економија и за финансии во наредниот период ќе работат на олеснување на условите за водење бизнис, поттикнување на странските инвестиции и на намалување на лимитот за основање на фирма, најави денеска министерто за економија Крешник Бектеши.

-Поттикнување на домашни и странски инвестиции и олеснување на процедурите за нивна реализација е наш приоритет. Во наредниот период заедно со Министерството за финансии ќе работиме на значително намалување на ограничувањата за основање на инвестициски фондови преку посебен Закон за бизнис-ангели и измени на Законот за инвестициски фондови. Веќе сме во завршна фаза во процесот на анализа и препораки за натамошно зајакнување на Фондот за иновации и технолошки развој, негова трансформација за да има резултати на долг рок. Со тоа ќе овозможиме влез на странски инвестициски фондови како стратешки партнери на Фондот во поддршка на економскиот раст, базиран на иновации и воведување нови технологии, рече Бектеши на денешната прес-конференција во Владата.

Во таа насока, додаде, ќе продолжиме да инвестираме во научно-технолошкиот парк кој започна со операции во март 2019 година со цел тој да биде целосно функционален во 2025 година.

-Целта во наредните четири години е Република Северна Македонија да стане регионален акцелератор за старт ап со што ќе станеме центар за развој на нови бизниси за млади претприемачи, со потенцијал за брз пораст. Со воведување на регионалниот акцелератор, во рок од шест месеци од објавата на првиот повик, ќе се прошири опфатот на апликанти и на земјите од Западен Балкан. Меѓу приоритетите за поттикнување на иновативниста во земјата е и од Македонско село, да формираме „Старт-ап село“ кое ќе нуди можност за многу млади од земјава и странство да отворат бизнис без потреба од плаќање на режиски трошоци, истакна Бектеши.

Посочи дека во изминатите две години преку Планот за економски раст беа поддржани 268 компании кои имаа вкупни инвестиции од 420 милиони евра.

-Планот за економски раст покажа дека компаниите инвестираат и вработуваат, а во наредните четири години ќе продолжиме во оваа насока преку дополнување и проширување на опфатот на компании и проекти. До крајот на годината во рамки на Планот за економски раст заедно со Министерството за финансии ќе формираме посебен еквити-фонд што ќе биде значаен поттик за влез на странски инвестициски фондови, а како дел од проектите на кои ќе се фокусираме во наредниот период е олеснување на условите за водење бизнис, рече Бектеши.

Потсети дека веќе е започната постапката за законски измени со кои се овозможува основање на фирма со минимален износ на основна главнина од едно евро.

-Со оваа мерка граѓаните ќе имаат можност да основаат фирми со минимални трошоци и да ги реализираат своите идеи и бизнис-планови преку новоотворени фирми. Исто така, работиме на создавање на регистар на парафискални давачки со кој ќе целиме преку реформи во институциите да ги намалиме парафискалните давачки до 75 отсто и нивно нивелирање во согласност со големината на стопанските субјекти, преку дијалог со стопанските комори, потернцира Бектеши.

За поддршка на бизнисот во наредниот четиригодишен мандат, додаде, ќе работиме на намалување на трошоците и административните процедури за добивање правна документација за потребите на бизнисот како што се документи од Централен регистар, царина, документација за учество на тендери и други државни институции.

Поврзани вести

Народна банка: Банкарскиот систем продолжи да обезбедува кредитна поддршка на домашната економија

Никола Поповски

Централен регистар: Не е потребен правосуден испит за да се исполни обврската за регистрација

Влатко Зорба

TУК: Новите рестриктивни мерки за угостителскиот сектор се селективни и непрецизни

Берта Китинска