СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈАКОМПАНИИ

Одземена дозволата за работа на Еуростандард банка, ќе се бара стечајна постапка

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска денеска соопшти дека Народна банка ќе побара стечајна постапка за „Еуростандард банка“ од судот.

„Утре НБ ќе поднесе барање за стечај до надлежниот суд“, рече Бежоска.

Што се однесува до депозитите на физички лица гувернерката рече дека, на 99,4 отсто од депонентите ќе им бидат исплатени во законските рокови, според условите на Фондот за осигурување на депозитите во најкус рок.

„Дозволата се одзема заради неисполнување на законските услови“, појасни гувернерката.

Учеството на банкарската актива во вкупната банкарска актива на земјава е само 1,3 отсто, и поради тоа, како што рече Бежоска, не се доведува во прашање стабилноста на банкарскиот систем на земјава и тој останува  сист, тој остан стабилен и високо капитализиран.

Изминатиот период Еуростандард беше под засилен супервизорски надзор, а  НБРМ постојано изрекуваше мерки за намалување на ризиците, особено за кредитниот ризик.

Поврзани вести

Идеолошките конфликти се спротивни на пазарните принципи на пазарот, вели претседателот на Кина

Влатко Зорба

Понуди за Чебрен од десет големи светски енергетски и градежни компании

Никола Поповски

Влада: Усвоена информацијата за извршување на Буџетот во првиот квартал

Влатко Зорба