СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска: Ковид-19 нуди можност за побрза транзиција од било кога кон безготовинско општество

Ковид-19 нуди можност за побрза транзиција од било кога кон безготовинско општество која треба да ја искористиме. За да ја искористиме можноста сите треба да го дадат својот придонес – Владата, банките, граѓаните, компаниите, стопанските комори. Вклучително и општините – за подобри и поквалитетни услуги за граѓаните, сподели министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Покрај другите бројни активности кон безготовинско општество во Министерство за финансии направивме и мапирање на состојбата во општините и можностите за плаќање со картичка на нивните услуги кои ги даваат на граѓаните.
Вака стои состојбата:
* од 66 општини кои одговорија 41 имаат ПОС терминал за плаќање со картички
* на месечно ниво, вкупно во сите општини се реализираат околу 6.000 плаќања на општински услуги преку ПОС терминалите (173 по општина)
* Општини со најмногу трансакции и промет на ПОС терминали се Општина Штип Македонија и Општина Прилеп (кои прават над 40% од вкупниот реализиран промет од јан 2019 до мај 2020)
Врз основа на анализата беа направени препораки кои беа усвоени на минатата седница на Владата, меѓу кои Министерство за локална самоуправа и Заедница на единиците на локалната самоуправа и општините треба да го дадат својот придонес кон:
– зголемување на бројот на општини кои ќе воведат ПОС терминал
– зголемување на бројот на услуги кои може да се плаќаат со картичка
– стимулирање на безготовинските плаќања со вградување на провизијата на трансакција во цената на услугата

„Дополнително меѓу активностите кои ги работевме во изминатиот период во насока на стимулирање на безготовинско општество предлагаме и годишен натпревар помѓеу општините – иницијатива за наградување на општината која ќе биде лидер во безготовински плаќања со грант средства за капитален проект кој им е најпотребен на граѓаните – за подобра средина, подобар и повалитетен живот!“, посочува таа.

Поврзани вести

Ако подзаконскиот акт на Законот за електронски комуникации биде усвоен без јавна расправа, ќе бидат загрозени многу помалите оператори

На едно семејство не му стигнуваат две минимални плати за „преживување“

Влатко Зорба

Поповски предлог на „Орка холдинг“ за член на Одборот на директори на ЗК Пелагонија

Влатко Зорба