СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска: Пропустите во мерките за угостителство ќе ги коригира со измените на уредбите

На денешниот состанок на министерката за финансии Нина Ангеловска, министерот за економија Крешник Бектеши и претставници на кластерите за угостителство при стопанските комори  беа појаснети мерките, како и прилагодување на истите согласно потребите и барања.

-Владата ќе излезе во пресрет на угостителите, ги увиде пропустите и ќе ги коригира со измени на уредбите. Разговаравме за нови мерки како и на темата да се прилагодуваме за времето кога ќе почне состојбата да се опоравува и да се нормализира работењето на стопанството – рече Ангеловска.

Министерот Бектеши информираше дека состанокот со туристичко-угостителскиот сектор бил многу конструктивен, бидејќи се отвориле прашања за нивни дополнителни барања со цел за полесни користење на владините мерки за поддршка на бизнисот погосен од здравствено економската криза предизвикана од Коронавирусот.

Поврзани вести

Бесими: Извештајот на „Стандард и Пурс“ уште еден добар сигнал за стабилните политики во период на криза

Влатко Зорба

Банките ќе чекаат нов законски рок за да ја пуштат државната помош

Берта Китинска

И покрај пандемијата: Трамп ги зголемува давачките за увозот од Европа

Stefanija Kuzmanovska