СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Анѓушев: Целосно сум за оданочување на добивка од каматите за депозити во банките (ВИДЕО)

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, на новинарско прашање, даде појаснување во врска со Законот за данокот на добивка кој треба да почне да се применува од 2020 година, а со кој се опфатени добивките од камати на депозити во банките, дивидендите и капиталните добивки од тргување на берзата.

„Станува збор за две категории кои деновиве се дискутираат, а за кои можеби и не е доволно информирана јавноста. Прво, се зборува за оданочување на каматите од депозитите во банките, односно доколку граѓаните имаат средства во банка, на крајот на годината по пресметаната камата да платат данок во висина од 15% за вредноста на тие средства. Апсолутно сум за тоа ова да почне да се применува од 2020 година. Втората категорија за која се дискутира е данокот на капитални добивки, односно доколку имате акции во некоја компанија и со нив тргувате на берзата, сте ги купиле по една цена, а ги продавате по друга повисока цена, треба да платите данок на направената разлика. Тоа е данокот на капитални добивки. Сметам дека треба да се одложи со примена на овој данок, за да се стимулира берзанското работење, нашата е сеуште млада берза, а голем број на држави кои биле на степен на развој како нашиот, ја примениле оваа практика, за да се развијат берзите и да ги охрабрат компаниите кои се друштва со ограничена одговорност да се трансформираат во акционерски друштва. Тоа е впрочем и начин да се вбризга свеж капитал во компаниите. Очекуваме во наредните месеци Владата да донесе конечна одлука по ова прашање“, одговори вицепремиерот Анѓушев на поставеното новинарско прашање.

Поврзани вести

Македонците потрошиле 69,4 милиони евра на интернет во првата половина од годината

Александар Петровски

Грант до 15.000 евра за нови вработувања и успешност преку „Ковид 4“

Влатко Зорба

Поддршка до 20 илјади евра за 265 млади земјоделци, се вложуваат 190 милиони денари во земјоделското производство

Влатко Зорба