СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈАТЕХНОЛОГИЈА

„Apple“ подготвува сопствен електричен автомобил

Новите гласини за автомобилот на „Apple“ се насочени кон батеријата – новата технологија треба да овозможи радикално пониски цени, со помалку греење и подолго траење на батеријата.

„Apple“ започна со развој на електрично возило кое ќе биде наменето за масовниот пазар.

Врз основа на информациите што се појавија, познатата технологија на „Apple“ за изработка на мобилни телефони сега ќе се применува на батерии за електронски автомобили, со две работи во преден план – цена што ќе биде „радикално“ пониска благодарение на новиот дизајн на батеријата што ќе овозможи подолго траење, а со тоа и подолго возење.

Луѓето запознаени со плановите на „Apple“ велат дека таквата технологија на батерии може да биде нешто сосема ново: Како кога првпат го видовте „iPhone“, пишува Ројтерс. Доколку тие информации се точни, „Apple“ може да ги реши двата најважни проблеми на автомобилите со електрични мотори, иако е тешко да се поверува дека самиот Aikar ќе биде ефтин бидејќи сè што има потпис на јаболкото, доаѓа со соодветна цена.

За технолошки специјализираната компанија која нема премногу контакт со автомобилската индустрија, дизајнирањето, развојот и производството на автомобили ќе биде голем предизвик, па доколку работите одат во неочекувана насока, сепак постои можност да се откажат од развојот на автомобилот. Во тој случај, фокусот ќе се насочи кон развој на автономна технологија за продажба на традиционалните производители на автомобили.

Врз основа на тековните планови, автомобилот на „Apple“ може да се очекува најрано во 2024 година, но тој рок – поради пандемијата на коронавирус и потенцијалните пречки во производството – може да се продолжи до 2025 година, а можеби дури и подоцна.

Поврзани вести

Со 46,5 милиони евра од Светска банка – поголема енергетска ефикасност во јавен сектор и подобро основно образование

Microsoft ќе понуди почести надградби за Edge

Влатко Зорба

Турската лира e стабилна и покрај американските санкции

msp-admin