СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Ќе има субвенции и за октомвриската плата

Првата плата што треба да се субвенционираа е таа за октомври, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој вели дека Владата ќе го испрати деновиве до Собранието законското решение за субвенционирање плати на компаниите и и ма доволно време да биде донесен навреме.

-Ќе го испратиме и законското решение во Собрание и очекуваме во почетокот на ноември да биде усвоено по што веднаш ќе ја реализираме мерката преку УЈП, какошто беше и претходно“, рече Бектеши

За четвртиот пакет економски мерки, тој рече дека зависи од ребалансот на буџетот и од законските решенија кои треба да се донесат во Собранието и ги повика пратениците да ги изгласаат.

– Јас сум убеден дека навреме ќе почне примената. Бескаматните кредити веќе почнаа, за субвенционирањето на платите овие денови, можеби денеска или утре, ќе го пратиме законското решение во собрание и очекуваме на почетокот на ноември да биде усвоено. За дел од мерките треба да се усвои и ребалансот кој моментно е во собраниска процедура, па да излезе во Службен весник. Ние како Министерство сме ги подготвиле сите јавни повици и имаме можност веднаш да ги објавиме. Затоа ги повикувам сите партии и да ги донесеме решенијата – рече Бектеши.

 

Поврзани вести

Продажните цени на производителите на индустриски производи во март се пониски за 1,4 отсто на месечно ниво

Бислимоски најави помош за заштита од енергетска сиромаштија за социјалните случаи

Берта Китинска

Петров: Владата да изнајде начин со финансиска поддршка да им излезе во пресрет на занаетчиите