СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бензините од полноќ поскапуваат за еден, а дизелот за половина денар

Бензините од полноќ поскапуваат за еден, а дизелот за половина денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС – 95 ќе биде 64,50 денари, додека литар Еуросупер БС – 98 ќе се точни по 66 денари.

Еден литар Еуродизел (Д-Е V) неделава ќе се продава за 55 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 44 денари за еден литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,417 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 15.02.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 34,759 ден/кг.

Поврзани вести

Во првиот квартал од 2021 година ќе се видат ефектите од мерките на Владата, вели Бесими

Влатко Зорба

Најмоќни жени во светот

Stefanija Kuzmanovska

„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на С. Македонија на „ББ +“