СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бесими: Дефицитот може да се реализира со намалување на дел од депозитите и со домашно задолжување

Во гостувањето на Телма, министерот за финансии Фатмир Бесими истакна дека јавниот долг изнесува 59, 5 проценти од БДП и задолжувањето може да оди до 1 процентен поен.

-Во овој период како држава имаме обезбедено средства, дефицитот може да се реализира со намалување на дел од депозитите и со домашно задолжување каде се помали каматните стапки. Доколку е 200 милиони дефицитот, 100 милиони ќе се искористат од претходната година неискористени средства и над 100 милиони со домашно задолжување. Економиите на сите светски земји се сериозно погодени од оваа ковид криза, па таква е ситуацијата и кај нас.

Јавниот долг изнесува 59,5 проценти од БДП задолжувањето може да оди до 1 процентен поен но не мора да значи. Зависи како ќе течат програмите кои се со кредити од надвор а и реализацијата на буџетот затоа што  пресметување на јавниот долг влегуваат и кредитите како што се повлекуваат при реализацијата на капиталните инвестиции, рече Бесими.

Поврзани вести

Предлогот недела-неработен ден, позитивно оценет од ЕСС

Берта Китинска

Германија размислува да се задолжи за уште 50 милијарди евра

Stefanija Kuzmanovska

Северна Македонија ќе стане членка на Организацијата за црноморска економска соработка во 2020 година

Влатко Зорба