СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бесими најави догодина раст од 4 проценти

Раст од 4% догодина согласно основното сценарио изработено од Министерството за финансии, најави министерот за финансии Фатмир Бесими на дебата на Тв 24, на која учествуваа и професорот Никола Поповски и стопанственикот Антони Пешев. Бесими посочи дека буџетот за догодина ќе биде буџет за заздравување, дека ќе биде изработен на среднорочна рамка, како и дека на среден рок ќе се работи на фискална консолидација.

-Буџет кој ќе го поддржи економското закрепнување. Тој ќе даде и  натамошна поддршка на здравствениот сектор, што значи заштита на здравјето на нашите граѓани, лекови, вакцини, здравствениот персонал, капацитетите внатре во здравството. Второ за мерки за социјалните категори и мерки за економијата и за задржување на работните места. Се предвидува во текот на наредната година да почнеме да се фокусираме колку што е можно во однос на политиките што ќе поддржат инвестиции за конкуретност, ќе поддржат подобрување на реализацијата на капиталните инвестиции, што на среден рок ќе значи и одржлив раст и забрзување на истиот. – рече Бесими.

Бесими посочи дека предлог-буџетот за 2021 ќе има среднорочна рамка и ја истакна потребата од среднорочно планирање за да се направат структурни промени во буџетот и наместо за 2,6% просечен раст, како штп беше во изминативе 10 години, да зборуваме понатаму за повисоки стапки од 5% годишен раст.

Тој посочи дека фискална консолидација може да се изврши на среден рок, како и дека не може да се очекува дека следната година ќе се дојде со предлог-буџет со дефицит помал од 3%.Тој посочи дека ова е пракса за скоро сите земји низ светот во време на кризава. Бесими истакна дека сите земји во светот ги прошируваат своите дефицити, па дури и земјите кои досега функционирале со висок суфицит во буџетот – како на пример Норвешка, а сега проектираат буџетски дефицит.

-Ова е криза од најголеми димензии во изминатите 100 години и која ги има зафатено сите земји во светот – некои со поголем, некои со послаб интензитет, но ги има зафатено сите. Понатаму, ова е криза од неекономско потекло. Нарушени се синџирите на добавување, а со административните мерки има внатрешно успорување на активноста, затоа кризата делува од двете страни и од страната на понудата и на страната на побарувачката. Од таа причина земјите преку мерки мораат да ја стимулираат економската активност и да вбризгуваат ликвидност во стопанството – рече Бесими.

Министерот за финании посочи дека закрепнувањето догодина ќе зависи и од тоа дали ќе има нов бран на здравствена криза и согласно тоа има три сценарија кои се очекуваат – основно, песимистичко и оптимистичко. Согласно позитивните сценарија се очекува да нема нови бранови на криза догодина туку да има економско опоравување.

Поврзани вести

Од извоз на бонбони земјава лани инкасираше 5,4 милиони долари

Stefanija Kuzmanovska

Почна собраниската расправа за ребалансот на Буџетот

Влатко Зорба

„Мудрецот од Омаха“ се обложува против американската економија?

Stefanija Kuzmanovska