Планирањето на капиталните инвестиции ќе се зајакне, а воедно и нивното следење. Ќе се направат посебни единици и тела во Министерството за финансии и Владата за следење на капиталните инвестиции, најави министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување на Топ Тема на Телма.
-Преку имплементирање на новиот концепт СМАРТ финансии, ќе се работи на подобрување на реализацијата на капиталните расходи. Концептот на СМАРТ финансии е поставување јасна стратегија во јавните финансии, следење и мерење на резултатите и истовремено отчетно и трансаретно дејствување. Имаме јасна поддршка од меѓународните институции и од Европска комисија. Има дополнителни средства за поддршка за моделот за менаџирање на јавните финансии со грант од пет милиони евра за софтвер за буџетирање и планирање. Зборувавме и со Светска банка за дополнителни средства за систем, софтвер и апликација и во Министерството за финансии и во Управата за јавни приходи за да може да се вркстат податоците за да може да се подобри планирањето. Со тоа ќе се подобри и планирањето на капиталните расходи – вели Бесими.Министерот за финансии посочи дека со ребалансот на буџетот има реалокации на позициите кои нема целосно да се остварат до крајот на годината. Тој најави систем во кој ќе се мери реализацијата и согласно тоа ќе се доделуваат и средства во иднина.