СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бескаматни кредити за компании за најпогодените сектори, најави Наумов

Објавен е првиот повик за директна кредитна поддршка на микро, малите и средните претпријатија преку Развојната банка на Северна Македонија.

Како што соопшти денеска директорот на Банката, Кире Наумов, во оваа прва фаза ќе се кредитираат најпогодените сектори: угостителство, туризам и товарниот транспорт, а целта е првично да го ги надминат проблемите со ликвдиноста. Аплицирањето може да почне од ноќеска на полноќ.

-Ќе се кредитираат угостителството, туризамот и товарниот транспорт. Целта е да ги надминат ликвидносните проблеми во овој почетен период. Кредитите се со 0 проценти каматна стапка, рок на отплата 24 месеци и грејс период од 6 месеци.Износите ќе зависат од бројот на вработени. За вработени до 10 лица – 5. 000 евра. Од 11 до 50 лица за износ до 15 илјади евра, и до 51 до 250 лица за износ до 30.000 евра. Минималниот износ е 3.000 евра. Почитувајќи ги препораките, целиот процес ќе се прави електронски. Неопходната документација ќе се доставува на мејл адреса kreditiranjecovid1@mbdp.com.mk.

Поврзани вести

Сугарески нов директор на Царина

Влатко Зорба

Најголемиот инвестициски фонд во светот изгуби 124 милијарди долари поради коронавирусот

Stefanija Kuzmanovska

Вработените во фирмите задолжени за чистење на државните институции остана без К-15

msp-admin