СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Безос заработи 3 милијарди долари од новата продажба на акциите на Амазон

Шефот на Амазон, Џеф Безос продал акции во вредност од 3 милијарди долари, според податоците на американската Комисија за хартии од вредност (КХВ), пренесува Хина.

Безос веќе заработил 10 милијарди долари од продажба на акции на Амазон оваа година, тврди КХВ.

Безос ја основана Амазон во 1994 година и сè уште е најголемиот акционер на компанијата.

Најбогатиот човек на светот

Богатството на 56-годишникот се проценува на 190 милијарди долари, што го прави најбогатиот човек во светот според Форбс и Блумберг.

Вредноста на Амазон се проценува на 1,6 трилиони долари и е зголемена за над 75 проценти од почетокот на годината.

Поврзани вести

Ковачевски: Ликвидноста на Буџетот е добра, ќе бидат исплатени сите обврски кон корисниците

Берта Китинска

540 компании за прв пат аплицираат на јавните повици на ФИТР

Влатко Зорба

Форбс: Овие лекари и научници станаа милијардери за време на пандемијата

Никола Поповски