СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Компаниите од метало-преработувачката индустрија, металургијата, текстилната и кожарската индустрија се ослободени од царински давачки од 7,1 милиони евра за суровини и репроматеријали

На вчерашната, 40-та седница, Владата донесе одлука за укинување на увозните давачки – царинските стапки, на одделни суровини и репроматеријали кои се употребуваат во преработувачката индустрија со цел да ги олесни условите за работење на овие компании и да овозможи да се зголеми нивната конкурентност во услови на пандемија и отежнато работење на компаниите од преработувачката индустрија.

Со одлуката за укинувањето на увозните давачки која ќе стапи на сила на 1 февруари, компаниите ќе бидат ослободени од царинските давачки во висина од 7,1 милион евра за 71 одделни суровини и репроматеријали кои се употребуваат во метало-преработувачката индустрија.

Предлог листите на производи опфатени со оваа одлука, која е првата усвоена одлука од новиот Пакет 5 економски мерки за справување со последиците од КОВИД-19, се изготвени по извршена консултација со компаниите членки на Стопанската комора од секторите на метало-преработувачката индустрија, металургијата, текстилната и кожарската индустрија, кои за увоз на суровини и репроматеријали во 2019 година платиле вкупно 162,4 милиони евра.

Поврзани вести

Од наредната година задолжително пензионирање на лицата над 64 години

Берта Китинска

Мерката 14.500 денари ги задржа работниците, но дел не добија плати

Бесими: Јавниот долг во функција на економскиот раст

Влатко Зорба