СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Трговскиот дефицит во периодот јануари – ноември 2020 година изнесува 1.568.814.000 евра

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – ноември 2020 година, изнесува 5.232.561.000 евра и бележи пад од 11,6% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6.801.375.000 евра, што е за 11,2% помалку во споредба со истиот период од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – ноември 2020 година, изнесува 1.568.814.000 евра.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари – ноември 2020 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Кина и Грција.

Поврзани вести

Фондот за иновации и технолошки развој денеска ќе ги презентира новооснованите компании од Ин Група

Царовска упати благодарност до Комерцијална банка АД Скопје за предвременото уплаќање на дел од обврските кон државата

Инфлацијата во македонската економија останува умерена, вели Ангеловска-Бежоска

Влатко Зорба