СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Трошоците на живот зголемени во декември

Трошоците на живот во декември минатата година, во однос на ноември, се зголемени за 0,4%, додека кај цените на мало има пораст од 1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Трошоците на живот во текот на минатата година, во однос на 2019 година, имаат пораст од 1,2%, а кај цените на мало скокот е за 0,4%.

Движењето на индексот на трошоците на животот во 2020 година беше различно кај одделни групи на потрошувачката. Пораст на индексите е забележан во групите: Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 5,3%, Разновидни стоки и услуги за 2,6%, Храна и безалкохолни пијалаци за 2,4%, Ресторани и хотели за 2,2%, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 2%, Здравје и Рекреација и култура за 0,9%, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,4% и Образование за 0,3%.

Намалување на индексите е забележано во групите: Транспорт за 6%, Облека и обувки за 1,3% и Комуникации за 0,1%.

Движењето на индексот на цените на мало во 2020 година, исто така, беше различно кај одделни групи производи. Пораст на индексите е забележан во групите: Индустриско прехранбени производи за 2,9%, Земјоделски производи за 1,1%, Пијалаци за 0,4% и Услуги за 0,1%.

Намалување на индексите е забележано во групите: Индустриско-непрехранбени производи и тутун за 0,2%. Индексот на трошоците на животот во декември 2020 година, вo споредба со декември 2019 година, забележа пораст од 2,3%, а индексот на цените на мало забележа пораст од 1,7%.

Поврзани вести

Бесими: Од следната недела имплементација на четвртиот сет мерки

Нема санкции за гужвите за „Black Friday“,од ДПИ обработуваат постапки во делот на попустите

Берта Китинска

Ќе се бришат каматите на долговите кон јавните препријатија

Влатко Зорба